ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле се стекна со современа медицинска опрема, донација од ТАВ Македонија

ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле се стекна со современа медицинска опрема, донација од ТАВ Македонија — ЈЗУ Универзитетска клиника „Козле“.

Вести
20.11.2025
ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле се стекна со современа медицинска опрема, донација од ТАВ Македонија

По повод Светскиот ден на детето, ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, Скопје, доби значајна донација на современа медицинска опрема од компанијата ТАВ Македонија, во рамки на нејзините активности за корпоративна општествена одговорност. Донацијата ја предадоа генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и заменик-генералниот директор, Перо Лупевски.

Опремата вклучува ЕКГ апарат, монитори за следење на витални параметри за одделението за интензивна нега како и лента за трчање наменета за специјализирана дијагностика. Со новата опрема се овозможуваат попрецизна дијагностика и побрзи интервенции за најмладите пациенти на клиниката.

Раководството и вработените на ЈЗУ Универзитетска клиника Козле изразуваат благодарност до ТАВ Македонија за оваа донација, која придонесува кон подобрување на условите за дијагностика и лекување на децата на клиниката.

Сподели: