Услуги

Медицински услуги

Преглед на клучните дијагностички и терапевтски услуги за деца со респираторни заболувања.

Медицински услуги

14 медицински услуги
15 клинички области
24/7 итна нега
Клинички услуги

Специјализирана педијатриска респираторна грижа

ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ нуди широк спектар на дијагностички и терапевтски услуги за деца со белодробни и респираторни заболувања.

Нашата мисија е брза, точна дијагноза и ефикасен третман — од амбулантски преглед до специјализирана дијагностика и болничка нега.

Клучни услуги

  • Ургентна амбуланта
  • Специјалистичка/супспецијалистичка консултативна амбуланта
  • Болничко лекување
  • Имиџинг дијагностика

Нашите услуги

Сеопфатни дијагностички и терапевтски процедури за деца со респираторни заболувања.

Ургентна амбуланта

Лекарски преглед, тријажа и обработка на амбулантски пациенти. Спроведување на перорална, парентерална и инхалациона терапија во амбулантски услови.

Специјалистичка/супспецијалистичка консултативна амбуланта

Прифаќање, преглед, дијагностика, следење и регулирање на хроничка терапија кај пациентите закажани преку „Мој Термин“.

Болничко лекување

Прифаќање, дијагностика, следење и спроведување на терапија на хоспитализирани пациенти.

Имиџинг дијагностика

Радиолошки снимања на главата, параназални синуси, граден кош, срце и абдоминални органи. Реализирање на ултразвучни прегледи на белите дробови и плевра, ултразвук на срце и абдоминални органи.

Оториноларингологија

ОРЛ преглед, назо-фаринго-ларингофиберендоскопска евалуација, како и иследување на функцијата и состојбата на средното уво со помош на тимпанометрија. Аспирација на патолошки супстрат во ОРЛ регијата, екстирпација на туѓи тела во носна, ушна и фарингеална празнина, третман на епистакси со лапизирање и вестибуларна назална тампонада. Тоалета на усна шуплина и уши, како и апликација на медикаментозна терапија во надворешен слушен канал.

Бронхоскопија

Бронхоскопска експлорација со дијагностичка и тераписка цел, вклучувајќи фиберендоскопска и ригидна бронхоскопија.

Микробиологија

Земање на примероци за микробиолошко испитување (брис од грло, нос, коњунктива, надворешен ушен канал, рана, назофаринкс) од амбулантски пациенти. Класични бактериолошки анализи од примероци од амбулантски и хоспитализирани пациенти, со цел изолација и идентификација на причинителите на инфекција. Брзи имунохроматографски тестови за детекција на антигени (АГ) на вируси кои предизвикуваат респираторни и цревни инфекции; автоматизирани тестови на принцип на директна имунофлуоресценција (Ichroma II). Серолошки тестови на принцип на индиректна имунофлуоресценција (Pneumoslide) за детекција на IgM АТ против респираторни вируси и атипични бактерии. Тестови на амплификација на нуклеински киселини (NААТ) на бактерии предизвикувачи на атипични пневмонии (Amplex). Обработка на примероци за изолација на микобактерии.

Биохемиска лабораторија

Општи биохемиски анализи (гликоза, електролити, ензими, липиден профил, уреа, креатинин и други). Анализа на витамински и минерален статус, вклучително ниво на витамин Д. Дијагностика и следење на инфламаторни процеси и оксидативен стрес кај хронични белодробни заболувања. Серолошки алерголошки тестирања. Комплетна крвна слика со детална морфологија на еритроцити, леукоцити и тромбоцити.

Функционална дијагностика

Спирометриски иследувања, како и тест со бронходилататор. Мерење на фракцијата на ексхалиран азотен оксид (FeNO). Физикална терапија, кинезитерапија и процедури за земање на материјал за микробиолошки и лабораториски анализи.

Алергологија

Кутани (Skin prick) тестови за нутритивни и инхалаторни алергени. 24-часова pH-метрија. Спроведување на имунотерапија.

Полисомнографија

Дијагностичка полисомнографија за евалуација на нарушувања на сонот кај деца.

Дијагностика на туберкулоза

Mantoux (PPD5) тест.

Психолошка проценка и советување

Психолошка проценка и советување за деца и семејства.

24-часова pH-метрија

24-часова pH-метрија со импеданса

Поврзани одделенија

Секоја услуга се остварува во соодветното клиничко одделение.

Сите одделенија

Термин

Потребен ви е преглед?

Закажете термин или испратете порака — нашиот тим ќе ве насочи до вистинската услуга и одделение.