Информации за пациенти

Информации за пациенти

Оваа страница обединува клучни информации за пациенти, родители и старатели пред амбулантски преглед, болнички прием или консултација со нашиот тим.

Права на пациентот

  • Право на достапна, навремена и квалитетна здравствена заштита.
  • Право на информирање за дијагнозата и предложениот третман.
  • Право на доверливост и заштита на личните здравствени податоци.
  • Право на второ мислење и поднесување претставка.
  • Право на присуство на родител/старател при преглед на дете, кога тоа е дозволено.

Работно време и посети

  • Амбуланта: Понеделник до петок, 07:30 - 15:30.
  • Итни случаи: 24/7.
  • Болнички посети: според интерните правила на одделите и препораките на тимот.

За точни информации за термин, посета или прием, контактирајте нѐ преку страницата Контакт.

Подготовка за преглед

  1. Понесете здравствена книшка и идентификациски документи.
  2. Понесете упат од матичен педијатар, освен кога станува збор за итен случај.
  3. Донесете претходни наоди, снимки и лабораториски резултати.
  4. Информирајте го лекарот за тековната терапија и алергии.

Потребна е консултација?

Закажете преглед преку вашиот матичен лекар или контактирајте не директно.