Д2 одделот за хронични белодробни заболувања кај деца од предучилишна и училишна возраст ја опфаќа следната дејност: дијагностика, лекување и евалуација на пациенти со хронични горно- и долно-респираторни заболувања; диференцијална дијагностика на пациенти со рецидивни бронхоопструкции и неконтролирана астматска болест; дијагноза и лекување на конгенитални и стекнати респираторни заболувања; евалуација и третман на рекурентни пневмонии; дијагностика, третман и следење на бронхиектазии, интерстициелни болести, примарна цилијарна дискинезија и алфа-1 антитрипсин дефицит. Се изведува и дијагностичка полисомнографија за евалуација на опструктивна sleep apnea и ноќна хиповентилација кај деца со хронични белодробни болести.
Д2
Тим
Лекари во одделот
Прим. Д-р Сандра Петличковска
Супспецијалист педијатриски пулмолог
Началник на Оддел за хронични белодробни болести
Следно за 4 ден.
Прим. Д-р Адријана Угриноска Пандева
Специјалист педијатар
Следно за 35 ден.