УНИБанка донираше најсовремен медицински апарат наменет за пациентите со цистична фиброза на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје.
Донацијата ќе придонесе за олеснување на физикалната респираторна терапија кај децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на цистичната фиброза, бронхиектазиите, ХОББ и други состојби што предизвикуваат задржување густ секрет во дишните патишта.
„Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредувањето на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, истакна Делчо Крастев, претседател на Управниот одбор на УНИБанка.
Новиот апарат претставува значајна поддршка во секојдневната терапија и рехабилитација на пациентите, овозможувајќи поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија.