Посета на тимот од Центарот за адултни пациенти со Цистична фиброза при Royal Papworth Hospital од Кембриџ

Цистичната фиброза повеќе не е само педијатриска болест. Градиме мостови со Центарот за адултни пациенти со цистична фиброза при Royal Papworth Hospital во Кембриџ, нашиот партнер во програмата за збратимување уште од 2019 година.

Вести
07.10.2026
Посета на тимот од Центарот за адултни пациенти со Цистична фиброза при Royal Papworth Hospital од Кембриџ

Од 21ви до 25ти Септември 2026 година, Центарот за ЦФ во нашата клиника беше домаќин на еминентни професионалци од областа.  

Поминавме 5 интензивни и инспиративни денови, споделувајќи знаења и искуства и едуцирајќи се заедно со нашите колеги, проф. Чарлс Хауворт и неговиот тим од Центарот за адултни пациенти со ЦФ во Кембриџ, како дел од ECFS Twinning Program.
Ги споделивме нашите предизвици и потреби, консултиравме комплексни клинички случаи и разменивме искуства од секојдневната клиничка пракса.

Остануваме посветени на континуираното подобрување на грижата за пациентите со цистична фиброза. 

Наша искрена благодарност до Проф. Павел Древинек, тимот на Twinning Project и ECFS за нивната поддршка и за можноста да бидеме дел од оваа програма.

Сподели: