Вести
ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле упатува искрена благодарност до SARA FASHION за донацијата на пешкири и постелнини за потребите на Клиниката. Оваа донација претставува значаен придонес во подобрувањето на условите за престој и лекување на нашите најмлади пациенти. Ја цениме општествената одговорност и хуманоста искажана преку оваа донација. Ви благодариме за поддршката и укажаната грижа.