Учество на медицинските сестри од ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“ на V Јубилеен меѓународен конгрес на медицинските сестри

Учество на медицинските сестри од ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“ на V Јубилеен меѓународен конгрес на медицинските сестри — ЈЗУ Универзитетска клиника „Козле“.

Настани
07.10.2026
Учество на медицинските сестри од ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“ на V Јубилеен меѓународен конгрес на медицинските сестри

Во периодот од 2 до 4 октомври 2026 година, во Струга се одржа V Јубилеен меѓународен конгрес на медицинските сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“, кој на едно место ги обедини медицинските сестри, медицинските техничари, здравствените професионалци и претставници на професионални организации од земјата и странство.

На конгресот активно учествуваа и претставници од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со свои стручни трудови, придонесувајќи кон размената на знаења, искуства и добри практики во областа на сестринството. Со  своето присутство Директорката на Клиниката проф д-р Катерина Бошковска, го поддржа континуираниот професионален развој и унапредување на сестринската професија.

Учеството на нашите медицински сестри на вакви стручни собири претставува значаен придонес кон нивното професионално усовршување, размената на искуства со колеги од земјата и странство и унапредувањето на квалитетот на здравствената грижа за нашите најмлади пациенти.

За ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“, вложувањето во знаењето, едукацијата и професионалниот развој на медицинските сестри останува важен дел од заложбите за современа, квалитетна и пациент-ориентирана здравствена грижа.

Сподели: