„No Finish Line Skopje" чекор по чекор за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле"

„No Finish Line Skopje" чекор по чекор за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле" — ЈЗУ Универзитетска клиника „Козле“.

Настани
13.08.2026

„No Finish Line“ е уникатен хуманитарен настан во кој секој може да учествува – со трчање или пешачење, без разлика на возраста и физичката подготвеност. Во текот на 100 часа, секој изминат километар придонесува кон собирање средства за хуманитарна цел.

Оваа година – за Козле

Средствата собрани во рамките на „No Finish Line Skopje“ ќе бидат наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, со цел подобрување на условите за лекување и унапредување на здравствената грижа за нашите најмлади пациенти. Секој чекор, секој изминат километар и секое учество претставуваат поддршка за децата кои се лекуваат во нашата Клиника.

ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле со особено задоволство ја поддржува и се приклучува кон хуманитарниот настан „No Finish Line Skopje“, кој ќе се одржи од 9 до 13 септември 2026 година во Скопје.

Ве повикуваме да ни се придружите на оваа прекрасна иницијатива. Трчајте, пешачете, движете се – и помогнете заедно да направиме нешто добро за децата од Козле.

📅 9–13 септември 2026
🏃 100 часа трчање и пешачење

Бидејќи секој чекор значи надеж.
А за децата – нема финиш.

Сподели: