12-ти хуманитарен пикник на Алкалоид

На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

20.09.2026
12-ти хуманитарен пикник на Алкалоид

Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ ќе добие донација во вредност од речиси 2,2 милиони денари, собрани во рамките на 12. Хуманитарен пикник во организација на „Алкалоид“. Средствата се наменети за набавка на современ бронхолошки столб со фибербронхоскоп, кој значително ќе ги подобри можностите за дијагностика и третман на респираторните заболувања кај децата.

Особено сме благодарни што ’Алкалоид’, кој како и многупати досега, ја препознава важноста на вложувањето во здравјето и создавањето подобри услови за лекување на најмладите пациенти. Ваквата поддршка е пример за општествена одговорност која создава конкретна и трајна вредност за заедницата“,

изјави проф. д-р Катерина Бошковска, директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Новата опрема овозможува директен и прецизен преглед на дишните патишта со тенок и флексибилен инструмент со оптички систем. Таа е особено значајна за навремено откривање и лекување на белодробни заболувања, како и за постапување во итни состојби, на пример при вдишување туѓо тело во дишните патишта.

Особено нè радува што долгогодишната традиција на хуманост и солидарност на „Алкалоид“ и оваа година е насочена кон здравјето на децата, оставајќи конкретна и трајна вредност за целата заедница.

Сподели: