Тригодишен сертификат од Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

Тригодишен сертификат од Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи — PHI University Clinic “Kozle”.

News
17.03.2026
Тригодишен сертификат од Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

Согласно спроведеното надворешно оценување од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, за примена на оптималното ниво на однапред утврдените национални стандарди за работа на здравствените установи, ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје се стекна со сертификат за акредитација со важност од три години.

Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологијата на ISQua (The International Society for Quality in Health Care) и се базираат на современите светски концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа. Акредитацијата на здравствените установи се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствена заштита.

Како најголем национален и регионален центар за третман на респираторни заболувања кај децата, Клиниката покажа висок степен на исполнетост на стандардите кои гарантираат квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања.

Клиниката останува посветена на континуирано воспоставување модерна педијатриска нега за третман на најтешките случаи, континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, како и на воведувањето нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа.

Share: