Реализирана крводарителска акција во Клиниката

Реализирана крводарителска акција во Клиниката — PHI University Clinic “Kozle”.

News
03.07.2026
Реализирана крводарителска акција во Клиниката

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, на 03.07.2026 година реализираше крводарителска акција за вработените во установата.

На акцијата пристапија 33 лица, од кои 15 даруваа крв, давајќи значаен придонес во обезбедувањето резерви на крв за пациентите на кои им е најпотребна.

Клиниката упатува искрена благодарност до раководството и вработените за поддршката и покажаната хуманост. Секоја дарувана единица крв претставува надеж и можност да се спасат човечки животи.

Share: