Работна посета во рамки на TAIEX-експертската мисија

Работна посета во рамки на TAIEX-експертската мисија — PHI University Clinic “Kozle”.

News
21.05.2026
Работна посета во рамки на TAIEX-експертската мисија

Во рамки на TAIEX-експертската мисија за зајакнување на квалитетот на здравствената грижа и безбедноста на пациентите, која се одржа во Скопје во периодот од 19 до 21 мај, заменик-министерот за здравство, м-р Јовица Андовски, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Кирил Лазов, и директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, во придружба на странски експерти, остварија работна посета на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле. Целта на посетата беше запознавање со постоечкиот систем на акредитација на здравствените установи врз основа на националните стандарди, како и унапредување на системот за квалитет и безбедност на пациентите.

Во TAIEX-мисијата учествуваа експерти од три европски земји: претставници на Одделот за квалитет во здравството при Министерството за здравство на Португалија, Агенцијата за квалитет на здравствената грижа на Шпанија и Националната агенција за обезбедување квалитет во здравството на Грција.

Експертите остварија средба и разменија мислења и искуства со сите релевантни чинители во здравствениот систем, со цел подобрување на механизмите за унапредување на квалитетот на здравствената грижа и безбедноста на пациентите, по примерот на европските земји.

Високо квалитетните здравствени услуги и превенираните ризици за пациентите значат просперитет за заедницата, зголемена продуктивност и економски раст, поголема доверба во здравствениот систем, како и намалување на смртноста и на негативните последици од медицинските третмани. Само квалитетна здравствена заштита со воспоставен систем за безбедност може да гарантира дека секој пациент ќе го добие вистинскиот третман во вистинско време, со намалени ризици и медицински грешки.

Share: