Announcements
Почитувани, денес Претседателот на Здружение на граѓани РАСТ Aleksandar Petrovski и Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, проф. д-р. Катерина Бошковска, потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Целта на потпишувањето на овој меморандум е меѓусебна помош и поддршка при разни активности за децата пациенти со респираторни заболувања, како и рана детекција на нарушување во растот кај децата.

Здружение РАСТ, донираше постери - висинометри кои соодветно ќе бидат поставени во болницата, како и водич за нарушување на растот кај децата. Се надеваме за брзо време на многу заеднички активности во интерес на нашите пациенти. Голема благодарност до Директорката и целиот персонал на болницата во Козле за топлиот прием.
Со почит,
Здружение РАСТ
