Потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението РАСТ

Здружението на граѓани РАСТ и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со цел унапредување на грижата за децата пациенти со респираторни заболувања и поддршка на активностите за рана детекција на нарушувањата во растот кај децата.

Njoftime
26.08.2026
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението РАСТ
Почитувани, денес Претседателот на Здружение на граѓани РАСТ Aleksandar Petrovski и Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, проф. д-р. Катерина Бошковска, потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Целта на потпишувањето на овој меморандум е меѓусебна помош и поддршка при разни активности за децата пациенти со респираторни заболувања, како и рана детекција на нарушување во растот кај децата.
 
 
Здружение РАСТ, донираше постери - висинометри кои соодветно ќе бидат поставени во болницата, како и водич за нарушување на растот кај децата. Се надеваме за брзо време на многу заеднички активности во интерес на нашите пациенти. Голема благодарност до Директорката и целиот персонал на болницата во Козле за топлиот прием.
 
Со почит,
Здружение РАСТ
 
 
Ndaje: