Болничката аптека опфаќа сигурен циклус на лекот: прием, чување и издавање на лековите, санитетскиот и медицинскиот потрошен материјал и дезинфициенсите до организационите единици на клиниката. Аптеката соработува со лекарите и медицинскиот персонал во обезбедување информации за лековите, фармакокинетика, фармакодинамика, рационална употреба и правилна реконституција, апликација и чување. Врши евиденција и чување на лекови кои подлежат на посебен режим согласно важечките прописи.
Тим