Денес знапочна No finish line Скопје. Настанот го отворија министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски, претседателката на фондација ,,Ице Бегов", претседателката на No finish line и директорката на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата- Козле проф д-р Катерина Бошковска. На старот од СЦ ,,Јане Сандански" започнаа 100 часа трчање и одење, 100 часа спорт, дружење и позитивна енергија, општина Аеродром е домаќин на ,,No finish Line Skopje". Настан кој ги обединува граѓаните, децата, родителите и љубителите на спортот околу една заедничка цел- да се помогне на оние на кои им е најпотребно. ,,No Finish Line" не е трка за медал или најбрз резултат. Секој чекор и секој изминат километар имаат посебно значење, бидејќи преку спортот се собираат средства за поддршка на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата- Козле. Спортот може да не обедини, да не поттикне на здрав и активен начин на живот и истовремено да придонесе за подобра иднина на децата.
Трчаме за здравје. Трчаме за децата. Секој километар значи надеж.