Донација од компанијата Зегин и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“

Донација од компанијата Зегин и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ — IPSH Klinika Universitare „Kozle“.

Lajme
19.12.2025
Донација од компанијата Зегин и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“

Компанијата Зегин и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ реализираа уште една донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, специјализирана институција за третман на деца на возраст од 0 до 18 години. Донирани беа единаесет кревети со душеци, дваесет инхалатори и дваесет кутии адаптирана органска козјо млечна формула од брендот Holle.

Донираната опрема е насочена кон подобрување на удобноста, условите и брзината на третманот на пациентите и претставува директен придонес кон напорите на Клиниката да го прошири својот капацитет и да обезбеди подобра грижа за најмладите пациенти.

Директорката на Клиниката за респираторни заболувања, проф. д-р Катерина Бошковска, изрази благодарност за донацијата, нагласувајќи го влијанието што ќе го има врз пациентите и врз медицинскиот персонал.

Претставниците на компанијата Зегин истакнаа дека ова е прва донација за Клиниката, но не и последна, и дека соработката со Клиниката ќе продолжи и понатаму, со цел обезбедување уште подобри услови за децата, кои се нашата иднина.

Ndaje: